За нашата компанија

Компанијата АРТЕ НОВА дооел започна со работа во март 2008 година и со брзо темпо зазема значајно место на македонскиот пазар за мебел. Фирмата постојано се развива и специјализира во проектирањето, изработката и монтажата, главно во сегментот корпусен мебел.

На простор од 2000 m², во современа зграда и современи услови за работа, се сместени изложбениот салон, одделението за проектирање и одделението за производство. Целокупното производство е машинско, користиме исклучиво најсовремени технологии, еколошко чисти и висококвалитетни матерјали. АРТ НОВА постојано ја усовршува производствената линија и се стреми кон врвните светски стандарди и квалитет.

“Ние го правиме вашиот дом подобро место.

Нашите инженери и висококвалификувани специјалисти од областа на дизајнот, проектирањето, изработката и монтажата на мебел, ќе Ви помогнат да бидете задоволни од тоа како е уреден Вашиот дом.
Ние сме различни од другите за тоа што Ви нудиме самите да го обликувате Вашиот мебел, според димензиите на просторот. АРТЕ НОВА нуди соработка со архитекти за мебел и уредување на ентериери, од цела Македонија.
Во АРТЕ НОВА сите што сакат можат сами да си го направите својот мебел. Кај нас ќе ви понудиме првокласната иверка со дебелина од 16мм и 25мм, лесонит од 3мм, пластифициран медијапан со дебелина од 18мм и 30мм, се разбира во различни дезени и бои.
​На располагање Ви стои и нашата машинска изработка на кривини и форми по Ваша желба, праволиниско и кружно кантирање.

Врвни архитекти за мебел и уредување на ентериери

Инженери и висококвалификувани специјалисти од областа на дизајнот, проектирање, изработката и монтажа на мебел.

Земање точни димензии од Вашиот простор

АРТЕ НОВА нуди соработка со архитекти за мебел и уредување на ентериери, од цела Македонија.

Бесплатен и сигурен превоз до Вашиот дом

АРТЕ НОВА Ви нуди бесплатен и сигурен превоз на нашите производи до Вашиот дом.

Високо квалитетна изработка, по сите светски стандарди

Првокласната иверка (16мм и 25мм), лесонит 3мм, пластифициран медијапан (18мм и 30мм) во различни дезени и бои.

Проектирање според Вашите желби и потреби

Ви нудиме самите да го обликувате Вашиот мебел, според димензиите на просторот.

Монтажа на мебелот од врвни специјалисти

Нашиот тим од врвни специјалисти ќе се погрижи за монтажата на Вашиот мебел.
Ви се допаѓа нашата работа?
Контактирајте нѐ, и дозвелете му на нашиот тим да го направи Ваш дом поубаво место